Во рамките на сообраќајно-контролните активности кои континуирано се реализираат на поширокото полошко подрачје, вчера (12 јули) беше спроведена уште една од серијата контроли на мотоциклисти.
При контролата биле откриени и санкционирни вкупно 32 прекршоци (ТЕ-25 и ГВ-7).Најголемиот број од прекршоците (ТЕ-13 и ГВ-4) се однесувале на некористење на заштитни шлемови, односно кациги, 10 мотоциклисти (ТЕ-8 и ГВ-2) непоседувале возачки дозволи, а 5 (ТЕ-4 и ГВ-1) имале истечена осигурителна полиса. На сите им се изготвени законски предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од видот и карактерот на прекршокот, се движат од 50 до 250 евра во денарска противвредност.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до мотоциклистите да не седнуваат зад управувачот без положен возачки испит и задолжително да користат заштитна опрема, пред се за нивната лична безбедност, но и навреме да ги регистрираат мотоциклите и да ја проверат техничката исправност, посебно ако тргнуваат на подолги релации. Се апелира, исто така, да ги избегнуваат периодите од денот кога температурите на воздухот се највисоки, да се воздржат од консумирање на алкохол и да ја прилагодат брзината според условите на патот.