• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Казни за возачи кои биле без потребни документи за вршење јавен превоз

26/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во рамките на акциската контрола спроведена вчера (25 април) од 5 до 10 часот, полициски службеници на СВР Тетово, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, откриле и законски санкционирале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки: „хундаи“ што го управувал 62-годишен тетовец и „форд транзит“ управуван од 54-годишник од тетовска Брвеница, а кои не ги поседувале потребните документи за вршење на јавен превоз. По документирање на случајот против нив ќе следуваат поднесоци, информираше денеска СВР Тетово.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (25 април) во периодот од 8 до 20 часот спровеле повеќе контролни активности за брзина со која се движат возилата, а во рамките на кои биле изречени вкупно 65 мерки (ТЕ-54 и ГВ-11). Од нив, 48 мерки (ТЕ-37 и ГВ-11) се однесувале на пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои 3 (ТЕ) за над 70, а 8 (ТЕ) од 50 до 70 километри на час.

Покрај ова, санкционирани се и 17 пречекорувања (ТЕ) на пропишаната брзина во населено место, како и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-4). На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со предвидените парични глоби, а екстремно пребрзите возачи и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите да бидат максимално внимателни поради влажните коловози на подрачјето и да ја прилагодат брзината според условите на патот, со што ќе придонесат за нивната и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Следна објава

Невладин сектор обезбедува месечни стипендии за учениците со попреченост-препорака до општините од септември тие да даваат ваква помош

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!