По речиси шест часа заврши средбата на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети со ткн. Огнена група во седиштето на партијата во Мала Речица која бараше партиски реформи. Лидерот на ДУИ по овие разговори најави дека дебатата во партијата ќе продолжи, а за десетина дена ќе има Централно собрание на која ќе се избере ново претседателството.
-Денеска имавме разговор со долгогодишнте соработници, со нив сум поминал во многу битни процеси, во многу успеси. Разговаравме и во суштина дебата се враќа внатре во партијата. На 15 октомври ќе има Централно собрание каде што ќе се разговара за политичката ситуација но и ќе се избере новото претседателство и веднаш истиот ден новото претседателство ќе се врати во седиштот на ДУИ каде што ќе меѓудругото ќе се разговара за олитичката ситуација и ќе има отчет од владиниот состав на ДУИ, изјави Ахмети на прес-конференција придружуван од Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити, Садула Дураку и Невзат Бејта.
На новинарско прашање дали е „изгаснат огнот“ на ткн. Огнена група Ахмети рече дека немало„оган“ и ќе продолжи партиската дебата.
-Врз основа на анализата ќе продолжиме понатаму со дебатите. Нема оган, нема пламен, карактеристика на ДУИ е никогаш немало напори да се изгасне различното рамзислување да се истисне или да се војува против различно размислување, напротив со почитување на тоа сме дошле до правите одлуки. Значи нема оган, и нема да има, изјави Ахмети.
Пратеникот Изет Меџити, еден од ткн. Огнена група на новинарско прашање рече дека е задоволен, додека за побараната смена на вицепремиерот Артан Груби рече дека ќе се продолжи со дебатирање околу нивните барања.
-Дебатата ќе се врати во ДУИ, органите ќе одлучат за тоа што понатаму со нашите барања, истакна Изет Меџити.
До оваа средба и одлуки дојде откако на 24 септември медиумите го објавија писмото со кое функционери на ДУИ, кои се нарекоа „Огнена група“, до раководството на партијата, со кое побараа да запре „војната“ во партијата, а одредени функционери од извршната власт да понесат одговорност. Ова е втора средба по онаа на 29 септември во кои се дебатираше во насока на внатрепартиски договор.
ас