• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

09/02/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Сопругата и ќерката на починатиот политичар и поранешен пратеник од Тетово Томислав Стојановски-Бомбај најавуваат дека ќе се промовира биографска книга за нивниот татко и сопруг.  Промоцијата на книгата „Сеќавања на еден енергичен и исполнет живот“ е закажана за во четврток 9 февруари во тетовско музичко училиште.  Стојановски почина на 5 март 2022 година

Томислав Стојановски-Бомбај е роден 1940 година во Тетово, а завршил Машински факултет.Беше основач и претседател на Демократската партија на Македонија (ДПМ),  а беше избран за пратеник од редовите на ДПМ на изборите во 1994 година.

Во Тетово Стојановски беше познат и како долгогодишен директор на Средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. Бил и директор на енергетското одржување на некогашниот текстилен гигант „Тетекс“.  Откако се пензионираше Стојановски го основа Тетовскиот фолк фестивал што се одржуваше во манастирскиот комплекс во селото Лешок.

Минатата 2022 година по повод Денот на ослободувањето на Тетово постхумно го доби признанието „19 ноември“ за животно дело во областа на општествениот развој.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Тетовчани почнаа да оставаат донации за Турција и Сирија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.