Во понеделник 22 мај во 19 часот во Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово свечено ќе се отвори колективната ревијална изложба „Пролетен салон 2023“ во организација на Здружение на ликовни уметници на град Тетово.
-На ревијалната колективна изложба „Пролетен салон 2023“ ќе се изложат 56 уметнички дела од исто толку уметници. Делата се од областа на сликарство, вајарство, графика, графички дизајн и фотографија, информираат од Здружение на ликовни уметници на град Тетово.
За прв пат на изложбата ќе биде изложена и уметничката слика „Македонија – Ера на кладенките“, од академскиот сликар Александар В.Настески завршена непосредно пред тој да почине во јануари оваа година.
Настески во 2021 година одбележа 50 ликовно творештво, а во 2022 година ја доби 19 ноемвриската награда за животно дело.
Дел од изложбата на 56 дела е и сликата „Ден и ноќ“ од ќерката на Александар, Ивана Настески, академски графичар.
ас