• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Компанијата Киел ќе гради фабрика и во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово

23/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претставници на германската компанија Киел заедно со директорот на Дирекција за Технолошки индустриски развојни зони на Македонија (ДТИРЗ) денеска потпишаа договор чија цел е да почне да се гради нов дополнителен производствен капацитет на нивната фирма во тетовската технолошко-индустриска развојна зона.  Потпишувањето се изврши во веќе постоечкиот објект на компанијата во близина на зоната и селото Желино од страна на Јурген Мил директор на Киел Интернационал и Кристијан Шанд генерален менаџер на Киел за Македонија како и Јован Деспотовски, директорот на ДТИРЗ.

-Горди сме со оваа дополнителна инвестиција во Северна Македонија. Ќе го зголемиме производството и број на операции.  Нашата инвестиција изнесува околу девет милиони евра, а ќе се вработат 150 дополните работници во наредните неколку години. Тоа ќе биде вкупно 300 работници за Киел во Македонија, изјави Кристијан Шанд генерален менаџер на Киел во Македонија

-Оваа инвестиција ја истакнува важноста на Северна Македонија како локација за нашите планови во иднина. Кога почнавме пред пет години не бевме сигурни како ќе се развива иднината. Но денеска горди сме на тоа што најдовме високо мотивирани колеги тука со кои успеавме да воспоставиме ефикасно производство за седишта за патници, изјави Јурген Мил, директор на Киел Интернационал.

Киел е прва компанија која го проширува производство во една од технолошко-индустриско  развојните зони, за што директорот Деспотовски рече дека се прави под многу јасни и прецизни критериуми.

-Компанијата Киел воведува нова линија на производство во рамки на зоните, а се обврза да ги задржи сите овие луѓе и дополнително да ангажира 150 наши сограѓани од овој регион, Компанијата Киел се обврза да продолжи понатаму да ги плаќа сите обврски кон буџетот на државата, и компанијата Киел нема да користи ниту царински, ниту даночни бенефиции во рамки на зоните.  Тоа значи дека компанијата Киел се определи да ги користи услугите на државата односно Дирекцијата поврзани со земјиштето, инфраструктурата и полесен пристап до услугите од општинските и централните власти што е многу значаен исчекор.  Ова е важна порака за сите домашни компании, затоа што овој модел којшто денеска го воведуваме, а го воведуваме со една респектабилна германска компанија, која што има доверба во него, ги поканувам домашните компании серозно да размислат и да почнат да го користат, посочи Јован Деспотовски, директор на ДТИРЗ.

Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека институциите работат на дополнителни политики и решенија се со цел да донесе уште еден закон кој ќе им овозможи на компаниите за инвестирање.

-Тоа е Законот за индустриските зони, закон кој и зоните кои моментално се во надлежност на општините ќе може да се преземат од страна на Дирекцијата за ТИРЗ, рече Бектеши.

Премиерот Димитар Ковачевски порача дека сетранските инвестиции во Северна Македонија растат, го зголемуваат производството, извозот и вработените.

-Големо е задоволството кога во услови на најголема економска енергетска криза Северна Македонија е дестинација за нови инвестиции на водечки производители како меѓународната КИЕЛ групација, која работи глобално со производствени погони во САД, Германија, Полска, Холандија и во Турција, а присутна е и на азиските пазари. Високо технолошки компании инвестираат во земјата и носат нова додадена вредност на нашата економија.  Ова за нас како Влада е уште една потврда дека нудиме стабилен деловен амбиент и пред се предвидлив за компаниите да може даги реализираат своите долгогодишни планови, изјави Ковачевски.

Според претставниците на Владата во моментот во ТИРЗ има помеѓу 30 и 35 активни клиенти. Германските инвеститори досега учествувале со 15 до 20 проценти од вкупните инвестиции во ТИРЗ, а со најновите инвестиции Германија станува најголем  инвеститор во ТИРЗ со трипати зголемено учество, односно скоро половина од инвестициите во зоните.

ас

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Годинава СВР Тетово со 72 поднесоци за измамници, апелираат за внимателност при контакт со непознати лица поради опасност од измами

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.