Германската компанија „Киел“ ќе инвестира 9,2 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово. Досега компанијата имаше свој производствен капацитет во близина на Желино на патот кон Сиричино.
По повод новата инвестиција на Киел денеска среда, 23 ноември во 10 часот ќе има потпишување на договор помеѓу компанијата и Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) како и претставници на Владата, односно премиерот и министерот за економија.