Кошаркарите на Тетекс од Тетово оваа недела ги почнаа подготовките за новото првенство во Третата лига. Почнаа на отворено на фудбалското игралиште на Спортскиот центар во Тетово, каде се вршат почетните кондициски тренинзи.
„Овие две недели имаме секојдневни тренинзи на отворено. Од почетокот на септември ќе почнеме со редовни тренинзи во спортска сала. Годинава сите кошаркари се од Тетово, нема други места. Амбицијата е враќање во Втората кошаркарска лига. Од младинската екипа М-16 во сениорската дојдоа Петар Георгиевски, Милан Ѓорковски, Марко Јовановски и Мартин Стојкоски“, изјави тренерот Никола Ристовски.
Благодарејќи на големиот интерес за кошарка, Тетекс покрај сениорската, годинава веќе ги формира сите екипи во младинските категории М-12, М-14, М-16. Уписите во младинските школи се активни и заинтересираните може да се обратат кај тренерот Никола Ристовски на 070-285-521
Тетекс минатата сезона 2023/2024 испадна од Втората лига во Трета лига.