Косовската претседателка Вјоса Османи Садриу денес беше во официјална посета на Општина Тетово. Посетата ја почна со доаѓање во зградата на општината каде имаше разговор со градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. Тетовскиот градоначалник симблично и предаде клуч од градот Тетово на претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу.
Касами на прес-конференцијата за медиуми истакна дека прв пат како на ниво на државата и во Тетово доаѓа во официјална посета претседателка на Република Косово.
-Ние како граѓани, како тетовчани сме почестени и благодариме на претседателката на Косово,Вјоса Османи за нејзината посета и нејзиниот придонес во подобрување на соработката меѓу двете пријателски и соседни држави. Република Македонија и Република Косово историски имаат блиски односи и порано во рамките на Југославија и сега. Се меѓу државите на Балканот кои немаат никакви проблеми меѓусебни, туку се пример како треба да се негуваат односите меѓу двете држави. Исто така Тетово како еден од главните градови на Македонија, најважните градови после Скопје, каде што мнозинство на граѓани живеат Албанци е мостот на соработката помеѓу Македонија и Косово. Затоа јас како градоначалник ќе продолжам овие згодности да ги негувам и понатаму со сите држави во регионот особено со Косово, со кое имаме многу заедничко минато и многу заеднички да споделиме и во рамките на идната соработка, моделот на интегрирање на нашите две држави во Европската унија. Сигурно ќе соработуваме блиску со претседателството во Косово и со други институции и општините во интерес на благосостојба и на подобар живот на сите наши граѓани, истакна Биљал Касами.
Косовската претседателка рече дека има нераскинливи врски меѓу Тетово и Косово.
-Од Тетово почнале многу историски поцеси за албанскиот народ , не само за оној кој живее во овој град, туку и од соседните држави.Тетово и Косово имаат многу заедничка историја и плодна и братска соработка. И денеска нашите врски се нераскинливи. Многу млади од овој град, студирале и студираат на нашите Универзитети и обратно. Мојата посета во РСМ е уште еден докза за придонесот што албанците го дале за државотворноста на РСМ и за евроинтеграциите, за нашата соработка и пријателски односи меѓу двете држави, кои сигурна сум дека ќе се продлабочуваат во иднина. Косово секогаш ќе биде благодарно на граѓаните на Вашата држава за помошта и безусловната поддршка што ја давале за граѓаните на Косово, истакна Вјоса Османи Садриу.
Пред зградата на Општина Тетово беше организиран и направен шпалир од ученици, играорци и други присутни кои носеа народни албански носии и знамиња на Албанија.
По средбата во општината градоначалникот и претседателката пеш се упатија кој основното училиште „Лирија“ како и на градскиот плоштад каде имаше музички настап. Вјоса Османи Садриу ја посети и Шарена џамија.
ас