Неколку дена пред големиот државен празник 23 Октомври-Денот на македонската револуционерна борба ,во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Тетово се одржа крводарителна акција.
-Им благодариме на тимовите на трансфузиологија и Црвен Крст Тетово што овозможија оваа акција да помине беспрекорно. Благодарност до сите крводарители кои даруваа крв, порача претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Ангел Карапетров.