Културно уметничкото друштво „Брвеница“ денес одбележа јубилеј 20 години на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее”.
Одржано беше дефиле и концерт по повод јубилејната годишнина покрај домаќините учествуваат и КУД „Брвеница“ од Рашка, Србија, КУД „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце, ГАКУД „Браќа Гиноски“ од Гостивар, Здружение на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово, КУД „Младост“ од Кичево и КУД „7 Септември“ од Македонски Брод