• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Левица:  Со чесна понуда на програма и кандидати подготвени да работат во интерес на граѓаните на Тетово

11/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Левица како политичка партија на претстојните локални избори за Совет на Општина Тетово со своја кандидатска листа ќе ја бара довербата од граѓаните, порачаа од партијата на прес-конференција.  Од партијата истакнаа дека кандидатите што се препознати од јавноста и кои се подготвени да работат во интерес на граѓаните на Тетово ќе понудат чесна програма.

-Како советници нашата заедничка борба ќе биде насочена кон: чесна и некорумпирана работа, градење на систем на база на квалитет и стручност заснован против окупирање на институциите по основ на партиска, политичка, расна, национална или било каква друга определба.Ова лудило кое се случува мора да го запреме и да почнеме да градиме општина која ќе биде гордост и инспирација за сите нас. Сите заедно ќе работиме за спречување на штетните политики, транспарентно и отчетно работење на локалната самоуправа, увид во трошењето на народните пари, лесен пристап до информациите кои се од јавен карактер. Ќе се фокусираме да работиме на политики за заштита на животната средина и одржлив раст и развој на Тетово и околината, истакна Боби Илиевски, носител на листата на Левица.

Урбаното и квалитетно живеење не значи пренаселување и масовна бетонизација како и узурпирање на јавниот и зелен простор на Тетово, се меѓу главните заложби на Левица, порача Оливера Богојеска, кандидатка за советник.

-Ќе поддржиме разумен урбанизам и стопирање на узурпирањето на јавните површини и просторот од урбаната мафија. Афирмација на руралниот дел и населените места во градот како и уредување на просторот на Тетово за урбано и здраво живеење. Ова лудило во нашата општина мора да го запреме и да почнеме да градиме општина која ќе биде гордост и инспирација на сите нас, истакна Богојеска.

Кандидатот за советник Костадин Томоски порача дека ќе работат и за спречување на штетните политики.

-Транспаретно и одговорно работење на локалната самоуправа, увид во трошење на народните пари, лесен пристап до информации кои се од јавен карактер. Ќе се фокусираме да работиме на политики за заштита на животната средина и одржлив раст и развој на Тетово и околината. Ќе се залагаме за социјална грижа во која сите поединци во општеството ќе имаат еднакви права и слобода, рече Томиски.

Срѓан Глигориевски во името на помладите кандидати за советници истакна дека сакаат како Левица, Тетово да биде град од кој никој не сака да бега, туку да биде град во кој секој млад човек ќе ја гледа својата иднина.

На вонредните избори за Совет на Општина Тетово на 20-ти август, Левица ќе биде на избирачкото листе под бројот 13

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Приведен 27 годишник од Теарце поради сомнение дека извршил „намамување на обљуба или на други полови дејствија на дете кое не наполнило 14 години“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.