Во рамки на Недела на детето денес во основното училиште „Гоце Делчев“ во Тетово беше реализирана ликовна мултикултурна работилница во која учествуваа учениците од четврто и петто одделение од училиштата „Гоце Делчев“ и „Лирија“.
-На работилницата насловена „Детски желби“ учениците изработуваа групни цртежи и ги пишуваа своите желби. На работилницата беа присутни и претставници од Бирото за развој на образованието и наставници од двете училишта. Сите изработки од работилницата идната седмица ќе бидат истакнати на изложба во Музејот на тетовскиот крај, вели Соња Трифуновска, координаторот на Меѓуетничка интеграција во образование (МИО) активностите за училиштето „Гоце Делчев“.
Ова е само една од низата мултикултурни активности планирани да се реализираат меѓу двете партнер училишта.
Во текот на утрешниот ден во основното училиште „Лирија“ ќе се реализираат активности со елементарни игри и аеробик за учениците од второ и трето одделение.
ас