Двајца браќа од тетовско село биле лишени од слобода вчера поради физичка пресметка во дворот од заедничката куќа, инфомира СВР Тетово. При тоа користеле и тврди предмети.
-Полициски службеници на СВР Тетово вчера (2 ноември) во 15 часот и 30 минути ги лишиле од слобода Б.Р.(56) и Р.Р.(59) кои во дворот од заедничката куќа физички се пресметувале. Во меѓусебната пресметка на двајцата браќа, според пријавеното, тие користеле и тврди предмети.Се расчистува и документира случајот и против инволвираните во случајот ќе следуваат соодветните поднесоци, информира СВР Тетово.
Вечерта во 19 часот полицијата евидентирала пријава за физичи напад во рамки на семејство во друго тетовско село. Триесет и едногодишна жителка на тетовско село пријавила дека дента околу 9 часот и 30 минути во семејниот дом физички билa нападната од нејзиниот сопруг Л.А.(29).