• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Луковица доби ново ветување дека ќе се асфалтира патот до нивното село

25/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Нова надеж дека ќе добијат асфалтиран пат до нивното село мештаните од Луковица, Општина Желино имаат сега имаат откако со владина одлука е извршена прераспределба на средства од Буџетот наменети за асфалтирање на делницата.

Според одлуката средствата се обезбедени во пoтпрограма 20-Сообраќај и комуникации, ставка 488-Капитални дотации до Единици на локална самоуправа во Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2022 година. Според истата одлука Општина Желино ќе ги добие овие средства па добива и задолжение да достават извештај за наменско користење на средствата до Министерството за транспорт и врски заклучно со месец декември 2023 година.


Ацо Спасеновски, претставник на селото од месната заедница и црковниот одбор вели дека станува збор за сума од 15 милиони денари (околу 240 илјади евра).

-Ние сме многу задоволни. Информацијата ги израдува жителите на село Луковица и многу други пријатели што се на селото. Со правењето на патот од месност Крстец-село Луковица, ќе се заврши долготрајно барање на иселениците и жителите од селото 30 години, ќе се исполни желбата за правење на пат од 5,5 километри. Средствата се обезбедени, се чека на пролет да се почне со тие средства што се обезбедени од Владата, изјави Спасеновски.

Луковица е единственото село кое нема асфалтиран пат во тетовскиот регион. Со оваа промена би имало можност повеќе за развој на сточарството, рурален и планински туризам, вели Славче Момировски, уште еден претставник на месната заедница.

-Со патот ќе има просперитет, ќе се прават нови куќи, ќе има доста народ. Нема да биде празно. Имаше многу повеќе, но поради немање на пат се иселуваа. Имаше и фарми, четири фарми се тотално иселени. Сега може обратно повеќе фарми да се отворат. Има повеќе заинтересирани  и ангажирани што може да дојдат и да инвестираат во селото, изјави Момировски на средба со новинарите.

Во 2020 година мештаните самите се организираа, собраа и платија речиси шест илјади евра за проектната документација со геодетски елаборат за патот што треба да се асфалтира.  Досега три такви проекти сами ги плаќале (1974 година, во 2000 година и 2020 година)

Од Тетово кон Луковица се може да се оди преку автопатот Тетово -Скопје или регионалниот пат Тетово-Групчин.  После Групчин има асфалтиран пат се до Седларево. На половина од тој пат се наоѓа месноста Крстец или крстосница од каде има земјен пат од 5,5 километри се до Луковица.

ас

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

Асоцијација за цистична фиброза: Државата да обезбеди средства за воведување на модулаторна терапија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.