Пратеникот Љупчо Пренџов со пoдддршка за советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во Тетово. Tој се приклучи на кампањата на кандидатите за советници предводени од Ангел Карапетров на средби со граѓаните во Тетово.
-Советниците на ВМРО ДПМНЕ ќе гласаат за подобра инфраструктура, нова канализација, нов водовод и почист воздух. Овие советници нема да ги гласаат ДУП овите на Дака и компанија, како и бетонизирање на Тетово. Овие советници нема да работат за интересите на мафијата и олигархијата. Овие советници ќе работат за нови инфраструктурни проекти, водоводи, зеленило и почист воздух. Изборите во Тетово се предвесник на промените кои ќе се случуваат во Р. Македонија. Затоа на 20 август сите гласаме за број 2, за листата на ВМРО ДПМНЕ, порача Пренџов.