Со решение на Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади од 1 септември 2024 година за вршител на должноста директор на Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа е именувана Магдалена Веселиноска од Тетово.
Веселиноска е дипломиран социјален работник, со 16 години работно искуство. Од 2008 година работи во Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје, а од 2019 година работните задачи ги извршува во тетовскиот центар за социјална работа.