• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 9 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Лебот достигнува рекордно високи цени, народот се плаши како ќе го купува

09/08/2022
во Вести, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Македонија веќе достигнува рекорди по цените на лебот и на регионално балканско ниво, но тоа само ги плаши граѓаните. Стравот, народски кажано, е дали ќе се трпи за леб. Додека во Србија цената на лебот која е замрзаната и е околу 29 денари, Македонија се приближува кон цените во Грција каде е надминува  50 денари.

Во анкета жителите на Тетово велат :

-Со толку големо зголемување на цените, значи народот ќе дојде ред и да трпи за леб, фактички мора нешто да промени во државата
-Сепак мислам дека лебот е нешто неопходно, колку и да расте цената да го купуваме, меѓутоа во секој случај поскапувањето влијание многу и се одразуваме врз стандардот на граѓаните
-Тешко е зима доаѓа не знам како ќе се надминат овие ситуации.  Лебот, мора да се јаде, имаш-немаш, мораш да се снајдеш некако, да се најадеш
-Има луѓе што стварно немаат ни леб да купат како што растат цените. Ќе патат за едно парче леб.

Во ситуацијата кога Македонија е зависна од увоз на пченица како суровина за производство на леб, особено е важна стратегијата на државата за долгорочно планирање и обезбедување на таквите ресурси со намера и во време на криза полесно да се помине, велат универзитетските професори.

-„Државна рака“ или државна контрола треба да има на тоа бидејќи лебот е чувствителна тема за граѓаните. Треба да се има разбере и бизнисот, меѓутоа и државата треба да има влијание дали со олеснителни даноци, субвенции, изјави Харун Таири, професор на ДУТ.

Според податоците на стопанските комори потребите на мелничките капацитети Македонија се околу 330 илјади тони лебно жито, а произведуваме 250 илјади тони. Остатокот треба да се увезе.

Александар Самарџиев за ТВ Алфа

Поврзани објави

Вести

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

08/02/2023
Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
Вести

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

08/02/2023
Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
Вести

Жител на Ѓермо задржан во полициска станица по пријава за напад од вработена во локал

08/02/2023
Вести

АПИС : Не постојат аргументи за вакви ригидни политики кон игрите на среќа

08/02/2023
Следна објава

Од 7 до 11 часот 29 санкции за непрописно престигнување на територијата на СВР Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.