Луѓето кои произведуваат мед или собираат шумски плодови и планински чај и разни ароматични растенија се претставија на саем на недрвни шумски производи денес во Тетово. Овие производи секоја година се нудат во различни количини-нивниот род зависи од временските прилики и климатските промени.
„Поради климатски промени не е исто секоја година,некогаш има плод во планина, некогаш нема. Посебно боровинки и медот. Кај медот зависи колку ќе врне особено во периодот мај-јуни кога расцветуваат цветовите на растенијата и дрвјата. Нема константа, сè зависи од времето, ако има дожд нормално ќе има помалку. Ама оваа година сите производители велат дека добро поминале, изјави Берат Азизи од здружението Ренесанса, организатор на саемот.
Саемот е во проектот „Заштита на животна средина и промоција на планинскиот туризам“ на здружението Ренесанса со поддршка на ЦНВП Фондација.
Проектот е можност за запознавање со природните богатства што ги нуди локалната животна средина како и можност да се поддржат локалните производители кои се посветени на зачувување на природата.
„Шар Планина има голем потенцијал за одгледување на недрвни производи, а има и перспектива за развој на планинскиот туризам, истакна Нехат Рамадани, директор на ЦНВП Фондација.
Во рамки на проектот „Одржливо користење на природните ресурси Шара, Кораб Коритник и Албанските Алпи“, ЦНВП фондација поддржува повеќе грантисти кои спроведуваат проектни активности во областите на заштита, унапредување и развој на животна средина.
Костенот и покрај сите предизвици е препознатлив знак за шарпланинските села
Костенот како човекот – со децении се бори со болест и се обидува да заздрави