• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Мелиса Ценовска Серафимовска: Во сабота заокружување на бројот 1, вие го бирате најдоброто, вие бирате модерно, европско Тетово

17/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Мелиса Ценовска Серафимовска, членка на Извршен одбор на СДСМ со изјава за медиумите за поддршка за кандидатите за советници предводени од носителот Глигорије Стојановски.

-Нашиот град Тетово, нашиот дом, градот во кој сме се родиле, сме растеле и во кој живееме, е слика на соживотот и на мултикултурализмот. Слика, која се стремиме да им ја оставиме на идните генерации како град во кој би живееле еден со друг, а не еден покрај друг.

Сите го сакаме Тетово и сите сакаме да видиме како секојдневно напредува, се унапредува, како се менува во подобар, модерен, европски град. Град со сообраќаен ред, со паркови, со спортски терени, со нови можности за младите. Град, во кој напредокот е загарантиран, а развојот обезбеден, затоа што со создавање на подобри услови на сегашните, ќе создадеме и подобра иднина за идните генерации.

Мои сограѓани, со целосна поддршка на изборната програма за овие вонредни локални избори, се обврзуваме во исполнувањето на проектите кои му се потребни на градот, кои им се потребни на граѓаните. Верувам во изборната програма и во листата на кандидатите за советници од СДСМ и Коалицијата ,,Најдоброто за Тетово”. Верувам, затоа што истите ги познавам и знам дека се чесни, вредни, угледни и докажани, како во својата област, така и во нивното соседство, така и во нашата општина.

Верувам дека секој од нив е подготвен да го даде својот максимум, затоа што нема поголема привилегија од тоа да се работи за своите граѓани, за оние кои преку гласање ви ја дале својата поддршка. Во сабота вие одлучувате! Со заокружување на бројот 1, вие го бирате Најдоброто. Вие бирате модерно, европско Тетово, порача Мелиса Ценоска Серафимовска.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

СДСМ: Советот мора да биде коректив на градоначалникот, во сабота гласаме за број 1, за европско Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.