• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Миќо Стојчески: Како дел од мнозинството во Советот ќе се вложиме во зачувување и негување на културно-историското наследство

15/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Кандидатот за советник Миќо Стојчески во изјава за медиумите посочои дека како дел од мнозинството во Советот ќе се вложат во зачувување и негување на културно-историското наследство

-Кога е во прашање историското минато на градот херој и културното наследство во Тетово и тетовско, – Националната установа „Музеј на тетовскиот крај“, со одлука на Владата предводена од СДСМ, доби своја управна зграда, која е од суштинско значење, за нас граѓаните и нашиот град Тетово.

После повеќе децении, заедно успеавме, поранешниот објект на АРМ, да го пренамениме во катче на културните дејци, работници и вработените во Музејот на тетовскиот крај, оние кои ни ги чуваат спомените од храброто историско минато и оние кои ја создаваат културната иднина.

Овој објект е составен од многу простории, кои ќе бидат преуредени и прилагодени за негување на делата од Народноослободителната борба, спомените од духот на антифашизмот, сè со цел да се чуваат историските вредности и континуирано да се развива културата во градот.

Тука се одвиваат и ќе се реализираат многу историски и културни настани, презентации, средби, симпозиуми, концерти, изложби, претстави и разни творби.

Младите ќе имаат свое културно обележје, каде своите таленти ќе ги изразуваат, ќе творат и ќе ги прикажуваат, како пред тетовската, така и пред пошироката публика.

Храброто историско минато на нашиот град, е столбот на нашето општество, а културата и уметноста се двигатели и слика за секое општество. Конечно, Тетово може безбедно да плови низ насмевки и со крената глава.

Како дел од мнозинството во Советот на Општина Тетово, освен негувањето на историското и културното наследство, ќе се заложиме и за поттикнување на културното творештво, создавајќи услови за работа на сегашните и оставајќи траги за идните генерации во Тетово, а со самото тоа и за целата држава.

Во реализација на сето тоа, ќе ни помогнете вие почитувани сограѓани, со заокружување на бројот 1, во сабота на 20-ти август, порача Стојчески.

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Стариот дел од Тетово може да остане со катастрофални улици поради судир на релација општина – полиција

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.