• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Министер Насер Нуредини : Имаме понуда за Попова Шапка, инвестиција над 50 милиони евра

18/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини од тетовско Боговиње информираше дека државата добила сериозна понуда од странска компанија за инвестирање во развојот на скијачко рекреативниот центар Попова Шапка.

Тој вели дека понудата поминала на Комисија за стратешки инвестиции, детали ќе се знаат кога ќе се разговара за тоа на седница на Владата наредната недела.

-Оваа недела во Комисија за стратешки инвестиции помина точка и очекуваме следна седница на Влада после една недела ќе најавиме со име една фирма која е од централна Европа во Европска унија со големо искуство во ски-ресорти и сме со голем задоволство ќе информираме следна недела, рече Нуредини.

Ќе се дознае наредната недела и дали ќе биде јавно-приватно партнерство.

-Ќе биде стратешка инвестиција со закон за стратешки инвестици. Ќе биде голема инвестиција и ќе презентираме целосна документација. Секогаш велев дека додека немаме официјална понуда нема да зборувам за тоа. Но имаме сега понуда. Имаат големо искуство, кога ќе помине точка на Влада тоа ќе биде официјално и ќе ги доставиме сите документации до јавноста да бидеме транспарентни, ќе биде повеќе од 50 милиони инвестиција со нови ски лифтови, нови хотели и се друго што е потребно да имаме еден ски-ресорт кој ќе има добри стандарди, истакна Нуредини од Боговиње каде присуствуваше на акција за пошумување.

Тој воедно информираше дека планот за управување со национален парк Шар Планина е во крајна фаза, ќе биде подготвен и ќе биде усвоен во Влада.

ас

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Универзитетот во Тетово организираше тркалезната маса по повод Светскиот ден на филозофијата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.