• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Министерот Оливер Спасовски тврди дека годинава за седум проценти е намален криминалитетот во тетовскиот регион

16/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и одржа работна средба со раководствата на СВР Тетово, СВР Охрид, како и Регионалниот центар Запад за да лично се запознае со сработеното во 2022 година и постигнатите резултати.

Тој пред медиумите по средбата, рече дека бил информиран за безбедносната состојба на подрачјата на СВР Тетово, СВР Охрид и Регионалниот центар Запад, состојбите со криминалитетот, како и активностите кои се преземаат, во насока на намалување на стапката на криминалитет, одржување на поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција.

-На територијата на СВР Тетово во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период во 2021 година, вкупниот криминалитет бележи намалување за 7 проценти. Она што посебно би сакал да го истакнам и што бездруго охрабрува е дека севкупната ефикасност во откривачката  функција годинава е значително зголемена и се движи околу 78 проценти. Позитивен тренд во 11-те месеци годинава е присутен  и во областа на безбедноста во сообраќајот. Во овој период санкционирани се 24.304 сообраќајни прекршоци, од кои најбројни се за брзо возење (3602), а за одбележување е и податокот дека намален е бројот на сообраќајни несреќи за три проценти што се должи на континуираните акциски контроли, истакна Спасовски.

Министерот рече дека зголемениот буџет за МВР ќе значи континуитет во унапредување на условите за работа. Во одговорот на новинарско прашање тој рече дека тоа е добра работа затоа што за подобрувањето на капацитетите во безбедносниот сектор е потребно повеќе време.

-Важно е дека за Владата безбедносниот сектор е приоритет. Често напоменувам дека за безбедносниот сектор, за одбрана и заштита, за здравството, не треба да разговараме само кога имаме само криза бидејќи ни се случувало, ако има Ковид,ајде ќе ги јакнеме капацитетите за здравство. Ако имаме пожар ајде сега ќе разговараме за противпожарни бригади. Ова мора да се решава во континуитет. Да се ствараат услови бидејќи и кадар и опрема не е нешто што можете вие за еден ден да го обезбедите. Затоа е важно што таа порака Владата ја прифаќа тоа е јасна политичка волја изразена во овој дел и затоа се зголеми буџетот за шест проценти, изјави Спасовски од Тетово каде беше на регионална средба со раководствата на неколку сектори при МВР.

Тој најави дека по реконструкција на поголем дел од објектите на подрачјето на СВР Тетово останува само еден објект во Гостивар, а се планира за нови простории за полицијата во Чегране.

На новинарско прашање дали со негов потпис, како се објави ВМРО ДПМНЕ, е  назначен Бесфор Аме, кој одлежал затвор за криумчарење, на командирска позиција на ГП Блато Спасовски одговори дека на ниту еден граничен премин кој е во РЦ Запад таков командир со таков име нема.

 

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ со финални подготовки пред Новогодишниот концерт на 23 декември петок

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.