Министерот за спорт Борко Ристовски преку социјалната мрежа Фејсбук објави дека го посетил Тетово од каде најави дека ќе се обнови спортското игралиште во Ајдучко маало.
„По барање на граѓаните денес го посетив спортското игралиште во паркот Ајдучко Маало во центарот на Тетово и за жал начекав пустош. Овој простор, кој треба да биде место за спорт и рекреација, сега е напуштен и запоставен. Уште утре започнуваме со санација на игралиштето, со цел да го вратиме животот во овој дел од градот и да создадеме услови за сите кои сакаат да се занимаваат со спорт и рекреација“, напиша Борко Ристовски.