На фудбалското игралиштето на АМС Спортски Центар во Тетово, под раководна палка на УЕФА лиценцираните тренери Ивица Радоњиќ и Среќко Мисајлоски младинската фудбалска школа на Љуботен интензивно ги одработува подготовките за новата 2024/25 сезона за натпреварите од детската и регионалната лига на ФФМ.
Од школата со повик за сите родители чии деца се заинтересирани за фудбал да ги зачленат во младинската фудбалска школа на ФК Љуботен.
Денес, понеделник 12 август, тренингот почна во 19:30 часот. Следниот е во петок 16 август исто така на спортски центар во 19:30 часот.Уписите продолжуваат и во текот на август.