Моцарт, Боб Марли, Петар Пан и други во Тетово- Првоаприлски концерт на учениците од Државното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“
За прв пат по 2019 година Државното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ организираше Првоаприлски концерт на кој настапија ученици по пијано, гитара, виолина и виолончело. Пред публиката во концертната сала во Државното музичко училиште 22 ученици настапија маскирани, дел во своите омилени ликови, некои согласно нивните музички изведби и слично.