Соопштение на СВР Тетово 16 август 2024
На 16.08.2024 во 01.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с. Јажинце, во с.Пршовце, тетовско, мотоцикл „јамаха“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Е.П.(31) од с.Доброште, удрил во домашно животно, сопственост на А.Џ.(48) од Пршовце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот. констатирани во Клиничка Болница Тетово. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.
На 16.08.2024 во 01.05 часот во СВР Тетово, М.З.(20) од тетовска Палатица пријавил дека околу 22.00 часот на 15.08.2024 на улица „Борис Кидрич“ во Тетово бил физички нападнат од две лица, кои потоа со употреба на сила ја внеле неговата другарка А.Х.(18) од тетовско Доброште во патничко возило „фолксваген пасат“ и го напуштиле местото. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 15.08.2024 во 22.50 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(24), С.К.(26) и М.М.(27), сите од Тетово. При нивен преглед и во патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.08.2024 во 22.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача ги привеле Б.В.(38), Н.Б.(56), Н.К.(28) и А.Б.(64), сите од Република Албанија, поради сомнение дека илегално ја преминале државната граница помеѓу Република Албанија и Република Северна Македонија. Тие се задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.