• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Музејската поставка „Ковчегот на љубовта“ дојде од Штип во Тетово – сведок за едно поинакво и можеби изминато време и хрватската народна традиција

22/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Македонско-хрватското друштво Тетово вечерва беше домаќин на Заедницата на Хрвати „Либертас“ од Штип, кои во градот ја донесоа на музејска поставка „Ковчегот на љубовта“на која ќе се прикажа традиционалното минато на хрватската заедница.

 Штипската заедница на Хрвати уште во 2021 година ја поставиле оваа поставка како сведок за едно поинакво изминато време, а во чии предмети вткаен е сериозен труд, вистинска автохтоност и искрена желба за заштита на традиционалното и народното творештво.

– Вечерашната музејска поставка, прва од ваков тип по реотворањето на овој објект замислен како мултумедијален простор, е збир на различни предмети и реликти од 50-тите години на минатиот век, кои жените – мажени или дојдени во Македонија – од Хрватска, ги донеле со себе во Штип. Затоа и насловот на оваа поставка е токму „Ковчегот на љубовта“, или во изворниот запис на хрватски јазик „Шкриња љубави“, затоа што вечер прикажаното – во минатиот век кон македонската територија е носено преку различни ковчези и куфери, а еден од нив е и вечерва претставен, илустрирајќи ја неспорната женска умешност и грижа за домот и најблиските. А домот е секаде каде што ни е убаво, за овие жени некогаш тоа било Хрватска, а денес тоа е Македонија, порача Марко Видачек од МХД Тетово.

Тетовската јавност вечерва имаше можност да посведочи за уметноста и дарбата со кои во средината на минатиот век се изработувани чипката, ракотворбите, народните носии, а паралелно со тоа се чувани и се сочувани секојдневни предмети кои денес имаат неспорна вредност на архивска и музејска граѓа.

– Ова се ракотворби од само четири наши членки. Едната од нив, која се смета за најстарата, а сега е почината, е дојдена во Штип во далечната 1959 година. Ова е само еден дел од тие четири што сме донеле, ако соберевме ќе има уште многу-многу што да се види од она што Хрватите одејќи од Хрватска во Македонија покрај семејствата, кога доаѓале донеле нешто од дома. Ние како втора генерација потомци се потрудивме тоа да го зачуваме. Затоа со голема чест и задоволство после Штип изложбата ја поставуваме и во Тетово, изјави Долорес Кашуба Петрова од Заедницата на Хрватите во Штип.

Пред тетовската публика настапи и градскиот хор „Штип 2019“, со изведба на македонски и хрватски песни.

ас

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Изложба на фотографии на двајца македонски фотографи во Марибор

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!