Државното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ по триесетина години набави ново концертно пијано. Во училиштето велат, пристигнувањето на овој инструмент е на голема радост на сите ученици, професори како и на сите љубители на музиката. Пијаното беше наместено во концертната сала. Станува збор полуконцертно пијано од производителот или бренд Бехштајн, а модел Хофман.
-Министерството за образование ја согледа нашата голема потреба и ни обезбеди средства за да може да добие училиштето вакво концертно пијано. Имаме навистина голема потреба од вакво пијано со кое сега ќе имаме можност за четворо рачно свирење. Денешниов ден ќе се памети во нашето училиште. Пијаното ќе се користи секојдневна работа, концерти, натпревари, семинари, информираше директорот м-р Новица Соколовски.
Токму пијаното во тетовското музичко училиште како инструмент најмногу баран за изучување.
-Во нашето училиште во основниот оддел имаме околу 600 ученици од кои околу 250 го изучуваат пијаното како инструмент. Има голем интерес, гледаме да биде достапно за сите. Добро би било да имаме простории за индивидуална настава затоа што се изучуваат голем број инструменти, изјави директорот.
ДМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“ заедно со паралелки во Струга има и 250 ученици за средно образование. Карл Бехштајн во Германија почнал да произведува пијано од 1853 година.
ас