• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

МВР поведе прекршочна постапка за тетовскиот градоначалник за пречекот на косовскиот премиер

15/08/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Денеска (15.08.2023) Министерството за внатрешни работи, поточно Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје и Тетово до надлежните Основни судови поднесе барања за поведување на прекршочна постапка против правните лица Општина Чаир и Општина Тетово и одговорните лица во овие правни лица, градоначалниците на овие општини В.Г. и Б.К.

-Имено, за време на официјалната посета на косовската делегација на нашата држава, предводена од претседателот на Владата на Република Косово, г.Албин Курти, при организираниот пречек на 11.08.2023 на ул.„Ферид Мурати“ во Скопје и на Градскиот плоштад во Тетово, не е постапено согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Северна Македонија. Односно за време на манифестациите организирани по тој повод не е интонирана државната химна и не е поставено државното знаме на Република Северна Македонија, со што е сторен прекршок по чл.30 од истиот закон, информира Министерството за внатрешни работи.

МВР продолжува со потрага по лицето кое на една од манифестациите вееше знаме на голема Албанија и по негово пронаоѓање против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Планирани прекини во снабдување со електрична енергија за среда 16 август 2023 година

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
84%
1.32mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!