• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

МЖСПП: Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидроелектрични централи во Националниот парк Шар Планина

04/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната Седница, Владата на Република Северна Македонија ја усвои информацијата во врска со статусот на Договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина, за кои се водеше постапка за спогодбено раскинување на Договорите за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија, информираат од Министерството.

Со информацијата се опфатени шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Националниот парк Шар Планина, кои нема да се реализираат. Се работи за МХЕ Љуботенска бр.66, МХЕ Љуботенска бр.67, Беловишка бр.107, Пена бр.82, МХЕЦ Лешочка 100 и Лешочка 101.

 

Имено минататa година, Министерството за животна средина и просторно планирање иницираше формирање на Комисија во која членуваа и претставници на Министерството за финансии и Министерството за економија, која што ја разгледа документацијата за спогодбено раскинување на Договорите за концесиите и потребата за обештетување на договорните страни.

До Министерот за животна средина и просторно планирање беше доставен Записник со детален преглед на сите реализирани трошоци од Концесионерите врз оснава на што е изработен предлогот за спогодбено раскинување на Договорите. Со предлогот за спогодбено раскинување на Договорите за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од малите хидроелектрани на Шара предвидено е да се надоместат реално направените трошоци за реализација на договорите и уплатените трошоци на име на Концесијата

Покрај наведените, со посебна информација доставен е предлог за спогодбено раскинување на Договорот за концесија за МХЕЦ Шеличе со реф.бр. 91, лоцирана на подрачјето на НП Шар Планина, во зоната на одржливо користење, при што е постигната согласност на Концесионерот да му се врати уплатениот концесиски надоместок.

 

 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Ќе се избира ново претседателство на ДУИ-најава по средбата Ахмети и „Огнена група“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.