• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 7 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

На балкански регионален натпревар за „зелен бизнис“ победи дизајнерка од Тетово која прави шапки од отпаден текстил

27/10/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На регионалниот натпревар „Зелени идеи од Балканот“ во категоријата зелен бизнис победи Мирјана Јосифоска, дизајнерка од Тетово со идејата „Дизајнерски шапки од текстилен отпад“ информираа од Здружението за социјални иновации „АРНО“, национален организатор на натпреварот. Мирјана како победничка освои награда од 10 000 долари.

-Поголемиот дел од текстилниот отпад доаѓа во помали количини, а за да произведете една шапка потребно е само 30 см од материјал, додека за стегач потребно е 5 см. Нашите модели се одржливо и етички произведени во Тетово, и се рачно изработени во 3 големини-достапни за секоја глава. Од остатоците од производството на шапките, произведуваме стегачи за коса, скроени со „нула-отпад“ техника на кроење, со што на крајот не останува воопшто отпад. Благодарна сум на регионалната награда и се радувам што имам поддршка да работам на својот сон и да развивам ваков бизнис“-изјави Мирјана Јосифоска.

Зелени идеи“ е годишен натпревар кој 12 години поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат во 2 категории за награди во висина од 5.000 или 10.000 долари за реализација на нивните идеи во своите земји.

-По тројца натпреварувачи од секоја од земјите презентираат свои концепти со кои се унапредува животната средина, се има општествен импакт и се генерира профит. Оваа година нашата земја настапи и со идејата на Натали Ристовска „Дизајн на ташни со техника на плетење без создавање на отпад. Изработени од самохрани мајки;“, и идејата на Благојче Најдовски „APICO-PRO SUPERFOOD“ во ембрионска категорија на идеи, информираа од АРНО.

Победниците беа прогласени вчера во Будва, Црна Гора. Останати победници во категоријата за зелени бизниси се: BeBeep, идеја за споделување на превоз (Црна Гора), Задругарство – реупотреба на хартија од кутии од цигари со вклучување на лица со попречености (Србија). Во категоријата ембрионски концепти поддршка од 5000 долари добија: Purteka-мобилна продавничка за комплети за градинарство за деца (Албанија) и Recycling PET Revolution-идеја за собирање и преработка на ПЕТ пластика (Босна и Херцеговина).

Здружението за социјални иновации „АРНО“, деветта година по ред, го администрира националниот натпревар „Зелени идеи“. Досега земјата има регионални победници и вкупна инвестиција од 95 000 долари за развој на зелени бизниси во земјата:

ас
фото АРНО

Поврзани објави

Вести

Црвен картон за насилниците-трибина и проекција на филм по повод кампањата за борба против насилство врз жените и девојчињата

06/12/2023
Вести

Казни за 13 возила при контрола на техничка исправност – глоби од 50 до 400 евра

06/12/2023
Вести

Приведени двајца мажи за физички напади врз жени – во полициска станица завршиле и двајца кај кои е најдена дрога

06/12/2023
Вести

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар

06/12/2023
Вести

Велјановски: Македонија го допре дното со оваа власт, граѓаните се фокусирани оваа коалиција на криминалот да не биде повеќе на власт

05/12/2023
Вести

Дијана Димчевска Наумоска денес ја прима новата терапија во Истанбул, и понатаму и се потребни донации за лекување

05/12/2023
Следна објава

Најдено безживотно женско лице кај тетовскиот трговски центар

Tetovo, MK
четврток, декември 7, 2023
overcast clouds
6 ° c
88%
0.65mh
100%
4 c -3 c
пет
5 c -1 c
саб
7 c 1 c
нед
8 c 2 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!