Ветераните на Тетекс и Раднички Ниш во сабота 24 јуни ќе играат пријателски натпревар. Натпреварот треба да почне од 17 часот, а влезот е бесплатен.
-Минатата година бевме на нивна покана на турнир за голманот Драган Пантелиќ во Ниш и сега возвраќаме со гостимпримство на ветераните од Раднички Ниш, информираше Ивица Јовановски од ветераните на Тетекс.
Во екипата на Раднички од Ниш ќе настапат фудбалери кои играле и за Тетекс како Зоран Тасиќ, Зоран Савиќ и Бојан Миленковиќ.
За ветераните на Тетекс освен играчите од Тетово повикани се и поранешни фудбалери кои сега живеат во Скопје или други места.