• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

На интернет ќе може да се погледне документарниот филм „Тајните на Полошкиот Ерусалим“

10/10/2022
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението за култура, уметност и негување на културни вредности СКАРДУС-АРМАКЕДОН од Тетово ќе го објави својот документарен филм „Тајните на Полошкиот Ерусалим“ на интернет. Секој ден, започнувајќи од утре, вторник 11.10.2022 па до петок 14.10.2022 во 20 часот ќе емитуваат по еден дел на нивниот Ју-тјуб (You tube) канал, а воедно и на Тетово инфо.

Документарниот филм лани во декември беше ексклузивно претставен пред јавноста во духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во Лешок. Филмот е снимен по повод два значајни јубилеи – 700 години од обновувањето на Стар Манастир и 250 години од раѓањето на Кирил Пејчиновиќ.

Насловот „Тајните на Полошкиот Ерусалим“ го означува сето она кое го носи самото ова место, сите раскажани и нераскажани вистини за Стар Манастир, за монументалната вредност на црквата Пресвета Богородица, за епопејата на манастирот Свети Атанасиј, Кирил Пејчиновиќ и неговиот живот, како и црквата Свети Никола, посочија авторите сценаристот Милена Илиевска и Христијан Џогов, задолжен за камера, монтажа и режија.

Доцент Д-р Марковиќ кој е еден од говорниците во документарниот филм вели дека ова дело е од монументално значење не само за Тетово, туку и за цела Македонија.

Локациите на снимање се завтентични, фактите се изнесени од врвни познавачи на овој регион како и историјата на манастисркиот комплекс Свети Атанасиј, пишаните дела и животот на Кирил Пејчиновиќ.

 

 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Прием на првачињата од ООУ „Лирија“ во Детската организација

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.