Музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ во среда 4 октомври 2023 година гостува во Тетово. На градскиот плоштад во Тетово ќе настапуваат Ламбе Алабаковски,Миле Кузмановски,Наум Петрески,Бојана Скендеровски,ДНК,Александар Тарабунов,Мина Блажев,Марија Спасовска,Огнен Здравковски,Зуица Лазова,Сузана Спасовска,Андријана Јаневска
Публиката ќе има можност да слушне патриотски песни „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“ и други.