• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Националниот парк Шар Планина ги доби првите вработувања покрај директорот

15/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Двајца шумарски инженери се првите вработени покрај директорот кои ќе почнат да работат во Националниот парк Шар Планина.

Директорот Ибрахим Дехари информираше дека вчера и денес се завршени процедурите за овие две вработувања, а до крајот на 2022 година ќе треба да се завршат постапките и уште неколку луѓе со цел нормално функционирање на установата Јавно претријатие Национален парк Шар Планина.

-Од Министерство за финансии одобрени се десет вработувања, покрај овие двајца инженери кои се и раководители на одделение, ќе почнат со работа правник, архивар, вработен за ИТ служба како и четворица ренџери. Колку за почеток тоа е одобрено за 2022 година. За 2023 година очекуваме уште десет други редовно вработени и други и пет со определно време или на договор, тие би биле ренџери. Со тоа би имале 25-30 луѓе со кои ќе бидат исполнети тие елементарни потреби за кадар со цел да може нормално да се функционира, информираше директорот Дехари.

Вработувањето на шумарските инженери ќе реши проблемот за мештаните во шарпланинските села за што Тетово инфо веќе информираше. За жителите немаше кој да потпише одобрение за да можат да сечат дрвна маса што се користи за затоплување.

Нема кој да даде дозвола за сечење на дрвна маса во приватни имоти во Националниот парк Шар Планина

-Сега веќе функционираме како што треба. Граѓаните почнаа да се обраќаа од вчера кај нас за своите приватни имоти со барањето за да се добие дозвола за сеча на дрва маса за која такса се плаќа од 280 денари по метар кубен, како и дозвола за транспорт на дрвата, информираше Дехари.

ЈУНП Шар Планина свои простории има во објектот на поранешната жичарница во Тетово.

ас

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Манастирската црква во Мала Речица утре ќе го одбележи празникот Ѓурѓиц

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.