• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Театарската претстава „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа ја доби наградата за најдобра претстава во категоријата театар за деца и младинци на 60. Драмски аматерски фестивал – Кочани.

Доделувањето на наградите се одржа синоќа на платото пред Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Претставата „Црвенкапа“ на репертоарот на фестивалот беше во петокот, а актерскиот тим прикажа филигранска игра што допре до срцата на детската публика.

-Наградата се доделува за иновативниот пристап во адаптацијата на бајката и за успешно избегнатото насилство, на што инстистира оригиналниот текст, со суптилна разрешница на самиот крај, образложи тричленото жири.

Во „Црвенкапа“ играа Матеј Печеновиќ, Марко Ристоски, Ивана Давидовска, Марија Јовановска, Анастасија Кузмановска, Никола Стојановски и Петар Симоски.

-Се покажа дека она што го работиш со леснотија и љубов, ослободувајќија сета фантазија и креативност, секогаш раќа убави и слатки плодови каква што е нашата врзија на ‘Црвенкапа’. Многу ми е мило што претставата лесно допре до детските срца и што пораките од неа ќе останат долго во детското сеќавање, вели режисерот Зоран Јованоски.

Летечка театарска трупа годинава одбележува 15 години постоење и веќе работи на нови театарски претстави што ќе бидат прикажани во текот на оваа година.

Гран-при “Васил Ќортошев” за најдобра театарска претстава во целост го доби изведбата на драмскиот текст „Тунел” на театарската група „Годо” од Кочани, во режија на Кристина Атанасова Арсова.  Покрај домашни, на фестивалот настапија и театарски групи од Србија и Хрватска.

 

 

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Од 21 до 3 часот полицијата открила шест возачи под дејство на алкохол

23/09/2023
Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Следна објава

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!