СВР Тетово информира дека вчера 06.06.2023 во 16.50 часот во кругот на Полициската станица Тетово, со судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес на патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, кое на 02.06.2023 од улица „Видое Смилевски Бато“ било донесено со пајак служба при постапување по акциска контрола, а возачот на возилото Г.Г.(32) од гостиварско Чегране бил приведен поради издржување на затворска казна, но одбивал да го отвори возилото за да се изврши претрес. При претресот, во присуство на сопственичката Б.Ш.(29) од гостиварска Долна Бањица, во багажот биле пронајдени марихуана, предмет со остатоци од кокаин и други предмети. Пронајденото било одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава
На 06.06.2023 во 19.40 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР-Тетово го лишиле од слобода И.И.(18) од тетовско Слатино поради тоа што истиот ден околу 19.00 часот бил пријавен од Т.А.(43) од тетовско Фалише дека физички го нападнал во неговиот деловен објект. Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува и соодветен поднесок.
На 06.06.2023 во 18.15 часот во трговски центар на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово привеле две малолетнички од Тетово и тетовско Селце. Тие биле фатени при извршување кражба во продажен објект. Украденото било вратено на сопственикот, а малолетничките биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.06.2023 во 14.00 часот во СВР Тетово, А.Р.(38) тетовско Синичане пријавил дека бил измамен од едно женско лице за сума од 350 евра. Според пријавеното, тие се договориле со лицето, вработено во авто школа да му помогне при полагање на возачки испит, но договореното не било завршено, по што таа не му се јавувала на телефонските повици и сфатил дека бил измамен.Се работи на расчистување на случајот.