• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 7 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Најмногу казни за пребрзо возење на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје

Во изминатите нешто помалку од два и пол месеци од оваа година, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово вкупно се изречени 2129 мерки за неприлагодена брзина

09/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во изминатите нешто помалку од два и пол месеци од оваа година, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово вкупно се изречени 2129 мерки за неприлагодена брзина, односно пребрзо возење (ТЕ-1453 и ГВ-676).

Најголемиот број од мерките се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место, меѓу кои и за пречекорувања над 50 и 70 километри на час, претежно регистрирани на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и магистралниот пат Гостивар-Кичево. На сите возачи-прекршители во овој период изготвени им се законски предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби и други мерки.

Паричните глоби за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност. За оние кои пречекориле многу повеќе од пропишаната брзина ќе следи и времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.

-Секторот за внатрешни работи Тетово континуирано спроведува вакви контроли, не само на автопатот и тетовските и гостиварските улици, туку и на околните регионални патишта, во различни временски периоди. Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да не брзаат и да се изложуваат на опасност да предизвикаат сообраќајни несреќи, во кои ќе ги доведат во прашање сопствените и животите на други учесници во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово
Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (8 март) од 16 до 22 часот на тетовско-гостиварското подрачје спровеле контрола на возачи, дали и колку од нив управуваат под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани 2 возачи (ТЕ) кои управувале возило под дејство на алкохол, од кои кај 1 биле измерени над еден и пол промили алкохол во крвта. Двајцата веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци, а со поднесоци заокружени се и 30 други видови сообраќајни прекршоци.

 

Поврзани објави

Вести

Црвен картон за насилниците-трибина и проекција на филм по повод кампањата за борба против насилство врз жените и девојчињата

06/12/2023
Вести

Казни за 13 возила при контрола на техничка исправност – глоби од 50 до 400 евра

06/12/2023
Вести

Приведени двајца мажи за физички напади врз жени – во полициска станица завршиле и двајца кај кои е најдена дрога

06/12/2023
Вести

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар

06/12/2023
Вести

Велјановски: Македонија го допре дното со оваа власт, граѓаните се фокусирани оваа коалиција на криминалот да не биде повеќе на власт

05/12/2023
Вести

Дијана Димчевска Наумоска денес ја прима новата терапија во Истанбул, и понатаму и се потребни донации за лекување

05/12/2023
Следна објава

Двајца возачи од Доброште се судрија во Тетово, еден повреден 

Tetovo, MK
четврток, декември 7, 2023
overcast clouds
7 ° c
90%
1.32mh
100%
4 c -3 c
пет
5 c -1 c
саб
7 c 1 c
нед
8 c 2 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!