• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 5 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Наоди од проектот „Мерење на перцепциите за нивото на корупција во јавните институции во Полошкиот регион“

12/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Студентите и професорите од Правниот факултет од Универзитетот во Тетово пред колегите го претставија проектот „Мерење на перцепциите за нивото на корупција во јавните институции во Полошкиот регион“. Тоа е заеднички проект спроведен во соработка со академскиот кадар и студентите од Врије Универзитет од Амстердам, Холандија.

Во претставените главни наоди од испитувањето на мислењето на граѓаните на прашањето „Кои се секторите кои се најмногу погодени од корупција“ – испитаниците најмногу ги посочиле судскиот систем (74,3 %), политичките партии (72,8%) и образованиот систем (41,5%). Над 75 отсто од испитаниците сметаат дека во последните пет години нивото на корупција е зголемено. Над 46 отсто од луѓето рекле дека во случаи кога не било потребно им било побарано дополнително да платат или да дадат подарок, најмногу при посета на лекар. Од испитаните 90 отсто никогаш не пријавиле корупција.

Деканот на Правиот факултет Јусуф Зејнели во изјава за медиумите рече дека со ваквите анализи важно е тоа што како академска заедница даваат придонес во подобрување на состојбите.

-Ние знаеме дека ова е една актуелна тема на нивото на нашата држава и поради тоа ние сакаме да дадеме придонес- да се надминат состојбите, но знаеме и од јавноста и од меѓународните организации, дека има малку измени во нивото на перцепција на ова нешто што е лошо за нашата држава. Треба да се промени менталитетот, сите служби да работат постручно, да се почитуваат и сите закони за да функционираме точно таксативно како правна држава и конечно да бидеме дел од ЕУ. Бидејќи како граѓани тоа го заслужуваме, изјави деканот Зејнели.

Според него важен дел од промена во перцепцијата е информирањето на младите за корупцијата.Воедно и дека има потреба за промени во институциите за да се избегне сомневањето дека во одредени установи има корупција.

-И тоа е една од нашите цели, младите, граѓаните сите да се информираат и да соработуваат и да знаат дека ова е нешто лошо, што треба задолжително да се надмине. Сега чекаме да почнеме преговори со ЕУ и да бидеме дел од ЕУ и да бидеме и економски и како образовен систем поразвиени. Перцепцијата е таква што се мисли дека има сомнителни кај институциите но не кај сите. И тоа значи дека овие заклучоци можат да се користат од јавните институции и тие да гледаат каде треба да се менуваат, како треба да се менуваат политиките, на почитување и спроведување на законите. Знаеме дека не може да се надмине преку еден ден, сите како општество треба да работат и да земат голема одговорност секој да биде еднаков пред законите и да се надмине тоа прашања, рече Зејнели.

Студентите со анкети на граѓани пополниле 400 прашалници во деветте општини во Полошкиот регион, вклучително и сите етнички групи кои живеат таму

ас

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Регионален хуманитарен настан на Вешта жена во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.