• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Ерозивните процеси причина се повеќе земја да се спушта од ридот Балтепе кон Тетово

29/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Ридот Балтепе распукува и се повеќе земја се спуша кон градот затоа што во минатото локалната власт дозволуваше да се градат објекти на местата каде постоеја само лозја или бавчи.  Овој аларм доаѓа од жителите на населбата Колтук, кои први ги чувствуваат последиците-при секој поголем дожд наноси од земја и песок се спуштаат кон куќите.

Тие веќе мака мачат со новонастанатите проблеми. Атмосферската канализација е преполна со земја и при дожд водата си тече по улиците и завршува во нивните домови.

-Еве ги шахтиве се затворени, водата наместо да иде по канализација, иде одозгора водата. Преплива таму, преплива ваму, тоа е, вели Трпе Симјановски.

-Вода наместо да тече во шахтите тоа тече одоздола и влага видовте вие визбата каква е водена, изјави Борка Георгиевска.

Наносите од кал, песок и вода освен што ги поплавуваат овие улици што инаку се наоѓаат нна угорнини, ја уништуваат и калдрмата. Па поради тоа како да нема улици низ ова маало. Калдрмата е растурена и повеќе има дупки отколку што има коловоз. Тешко е и за возила и за пешаци.

-Прво и основно улициве се пропаднати, за никаде, ископани често пати, еве сега дождојте кога беа, се ископаа комплетно коцката на многу места се ископа. Горе некој што копа, водата што донесе кал и песок го донесе овде. Нешто самиот народ чистеше, нешто остана, изјави Душко Ристовски.

Овој предел го поминуваат многу возила од планинските села Селце, Вејце и Лавце па и тие се соочуваат со оштетувања на автомобилите.

-Повеќе плаќаме за поправки отколку што кошта аутото, изјави возач.

На ридот  Балтепе со години наназад се градат дури и повеќекатници, а на неколку места се појавува и ерозија.

Александар Самарџиев за ТВ Алфа 

 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

За осум месеци 285 возачи казнети за возење под дејство на алкохол

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.