Краткотрајното невреме со интензивен дожд, силен ветер и град го зафати и тетовскиот регион. Дел од улиците во селото Теарце се беа поплавени со наноси од земја, камења и дрвја. Невремето започнало околу 18 часот и 30 минути.
– Во Теарце имаше интензивен дожд, силен ветер и град. Поради тоа улиците што се во горниот дел од Теарце во месноста наречена Бигор во насока кон Шар Планина беа поплавени од надојдените наноси со земја, камења и дрвја, велат жители од Теарце.
И во Тетово, како и други населени места некои улици беа поплавени додека имаше силен дожд, по што водата се повлече. Има првични пријави од граѓаните до СВР Тетово.
-Во СВР Тетово има пријави од граѓани на Требош, Теарце и Непроштено за поплавени домови и паднати дрвја во Непроштено. Од нив оштетени биле две возила. Дел од регионалниот пат Тетово-Јажинце е тешко прооден поради насобрана вода. Интервенира ТППЕ Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Улицата „Благоја Тоска“ во близина на тетовската касарна поради непроодност од насобрана вода, се пренасочува сообраќајот.
ас