Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами ги именуваше Никола Столевски за директор на јавното претпријатие „Градски паркинг“ и Ваљон Зеќири за директор на јавното претпријатие „Шар“
„Нивното именување доаѓа откако претходните директори, беа именувани за директори на централно ниво. Новоименуваните директори се обврзаа дека работата ќе ја вршат со голема одговорност и посветеност и ќе бидат во служба на граѓаните“, се вели во информацијата на Општина Тетово.
Досегашниот директор на ЈП „Градски паркинг“ Тетово, Игор Додевски е поставен од Владата за заменик директор во Затвор Тетово. Нуредин Фетаи, кој беше директор на ЈП „Шар“ е именуван за раковидител на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта.