Излевањето на реката Вардар од коритото е причина да за поплавување на нивите, дворови од 15-тина куќи и неколку патишта во Раотинце.
Високото ниво на реката Вардар беше причина вчера околу 18 часот да почне излевањето и до вечерта да се поплават дворовите на куќите, а во еден објект е навлезена водата и во подрумските простории.
-Водостојот на Вардар утринава е ист како вчера. Добро е што нема нови врнежи од дожд. Ако продолжи да врне ќе има нови поплави. Се надеваме дека водата ќе се повлече, информира Васко Јанчевски од месната заедница на Раотинце.
Водата од реката се прелеала на критичните места кај Копанце и преку месноста „Старо Вардариште“ дошла во атарот на с. Раотинце.
-Ова е второ излевање на водата од Вардар во време од еден месец во овој предел. Инаку нивото на водата на Вардар во моментот е до максималната кота во коритото, се вели во соопштението на Центарот за управување со кризи.
Ноќеска поплавените подрачја ги посетија градоначалникот на Јегуновце, Димитар Костадиноски и директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.