Во дворот на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“-објект Стара медицина во Тетово од денеска учениците ќе имаат можност да користат мултифункционално игралиште кое е донација на Станислав Бојчески-Стане, актуелен советник во Совет на Општина Тетово и тренер во клубот за боречки вештини и кик бокс Д-Стронгест (The Strongest).
Наместо празниот простор сега таму има терен за кошарка и одбојка. Теренот е обележан и бојадисан во сина боја, а поставени се два коша и столбови и мрежа за одбојка.
-Како што ветив ,се реализираше мојата донација.После неколу недели работа училиштето „Кирил Пејчиновиќ – Гимназија добива мултифункционален спортски терен. Сакам посебно да им се заблагодарам на професорот Марко Рафајловски и на екипата, кои се вложија овие две недела и помогнаа околу изградба на спортскиот терен. Од денес учениците во гимназијата од настава по македонски и албански јазик ќе можат да спортуваат,да се натпреваруваат и дружат. Следна дестинација- Ајдучко маало, се гледаме на терен, порача Станислав Бојчески.
Советникот и тренер Бојчески претходно реализираше донација-кошаркарски терен на Спортски центар во Тетово, попознат како Кока-кола терен.