Шест сандаци со пчелни семејства се уништени најверојатно од мечка ноќеска во дворот од куќа на семејството Синадиновски во тетовско Доброште, Општина Теарце.
-Во текот на оваа година, заклучно со 20 јуни во СВР Тетово пријавени се вкупно 33 случаи на направена штета од дивеч јголемиот број од пријавените случаи се однесувале на поширокото подрачје на Теарце, а најчесто биле напаѓани сандаци со пчели, најверојатно од диво животно(мечка).Во овој период евидентирани се и неколку случаи на усмртен добиток, крави, кози и друго, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Јуни и јули се месеците кога во тетовскиот регион се собира приносот од работата на пчелите. Пчеларите во тетовскиот регион периодов ги завршуваат работите за собирање на медот од пчелните семејства, за да во август започнат со подготовките за зимските месеци.
-Не е мал бројот на пчелари кои не го пријавуваат оштетувањет поради долгта процедура за обештетување, изјави Владимир Петровски од здружението на одледувачи на мед „Полошки мед“.
Ако пчелните семејства се уништени од диви животни особено мечка, која е заштитена и не смее да се лови, тогаш тешко оди обештетувањето на пчеларите. Тоа можат да добијат само ако ја тужат држават а тоа трае многу години.