• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Новата теренска активност под слоганот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска во Тетово

Рамо до рамо со граѓаните на Тетово, Јегуновце и Теарце: Со СДСМ минимална плата од 20.175 денари

07/04/2023
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Рамо до рамо со граѓаните на Тетово, Јегуновце и Теарце: Со СДСМ минимална плата од 20.175 денари

Тимови од караванот Рамо до рамо до победа попладнево беа со граѓаните на Полошкиот регион.

Претседателот на Комисијата за животна средина Пеце Мирчески заедно со Вангелија Велева беа меѓу граѓаните на општина Тетово каде со присутните разговараа за повеќе актуелни теми.

Мирчевски истакна дека СДСМ во време на светска економска криза презема мерки кои значат заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани. Иако е период на најголема светска економска и енергетска криза, СДСМ успеа 1 година порано да го исполни ветувањето за минимална плата над 20.000 денари.

– Минималната плата ја зголемивме на 20.175 денари. Во време на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата изнесуваше едвај 8.000 денари а во некои сектори и помалку. Го исполнивме и ветувањето за просечна плата над 34.000 денари, која во време на ВМРО-ДПМНЕ беше евдај 20.000 денари. Пензиите сега во март ги зголемивме за рекордни 8,4 отсто за сите 330.000 пензионери. Со антикризните мерки успеавме да го заштитиме стандардот, цените паѓаат а инфлацијата е зауздана. Заедно со вас, рамо до рамо, продолжуваме до нови победи, порача Мирчески.


Членот на Комисијата за земјоделство на СДСМ, Гоце Георгиевски заедно со Благица Павловска беа меѓу граѓаните на општина Теарце, каде ги презентираа мерките и политики во земјоделството, посочувајќи дека светската енергетска криза сите ги научи колку домашното производство на храна е важно, додавајќи дека денес земјоделците во нашата држава се вреднувани и почитувани, а финансиската поддршка кон земјоделците е неселективна и навремена.

Во општина Јегуновце меѓу граѓаните беа членот на Централниот одбор Дарио Николовски и Магдалена Грашковска.


Со одговорните и ефикасни политики во енергетиката денес македонскиот енергетски сектор работи со полн капацитет, домашното производство на струја е зголемено и за првпат среде зима извезуваме електрична енергија наместо да ја увезуваме како што тоа беше пракса години наназад.

-На почеток на глобалната енергетска криза опозицијата прогнозираше крах на енергетиката, најавуваа рестрикции на струја, најавуваа дека ќе нема доволно струја, храна, греење. Ништо од тоа не се случи.  Не само што немаше рестрикции, туку енергетскиот систем на државата работеше со сите кашацитети какко никога претходно во последните 70 години, а домашното производство на струја е зголемено и на историски најголемо ниво., рече Николовски.

 

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

ЈКП Тетово назначи раководител за капелата, две фирми се лиценцирани за пренесување на починатите луѓе

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!