• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Oпштина Јегуновце : Исчистени повеќе диви денонии

22/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Oпштина Јегуновце изминатиов период презеде повеќе акции за расчистување на дивите депонии на територијата на општината, информираа од локалната самоуправа. Расчистување на дивите депонии е во рамките на годишниот план за чистење на диви депонии на територија на општината и уредување на јавниот простор.

-Исчистени се диви депонии и јавен простор во населените места Јегуновце, Шемшово, Вратница, патот од Јегуновце кон Подбреѓе, Прељубиште на патот кон Жилчe како и во Туденце. По дислокација на отпадот, просторот на местото на депониите се уредува, урбанизира и заштитува повеќе да не се загадува. Како градоначалник на општина Јегуновце во мојата агенда на високо ниво е заштитата на животната средина и расчистување на дивите депонии. Особено ме радува фактот што жителите на населените места самоиницијативно упативаат барања до мене како градоначалник на општината за расчистување на дивите депонии во нивните населени места. Секогаш излегувам во пресрет на нивните барања и за кратко време во координација со службите превземаме акции за чистење на дивите депонии. Граѓаните и бизнис секторот се вклучуваат во акциите и потпомагаат со свои ресурси и капацитети, изјави Дарко Блажески, градоначалник на општина Јегуновце.

Од општина Јегуновце упатуваат апел до жителите за подигнувње на јавната свест, да не се уништува и загадува животната средина и природата, а отпадот да се депонира на соодветна и безбедна локација. Од таму велат дека и во наредниот период ќе се продолжи со расчистување на дивите депонии во сите населени места.

ас

Поврзани објави

Вести

Почина 23 годишната девојка од Сараќино која како пешак тешко беше повредена на 15 август во Тетово

19/08/2022
Вести

Пешак на 80 години тешко повреден на улица во Тетово

19/08/2022
Вести

Приведен 60 годишник од Седларево за пукање на свадба

19/08/2022
Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Следна објава

Неексплодирана направа од 2001 година најдена при ископ во двор во Шемшово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.