Во Тетово денес започна одржувањето на обуката „Протокол и дипломатија“ програмата од центарот за јазици „Флуент“, верифицирана од Министерството за образование, акредитирана од Центарот за возрасни. Обуката е во насока стекнатите знаења да се искористат за подобро менаџирање на протоколи и дипломатија.
-За прв пат ја организираме оваа обука. Учесници се претставници од министерствата и друг вид на државни институции кои работат во протокол и дипломатија. Тоа што ќе го научат во текот на 12 недели и на теоретски и практичен дел тие ќе може да го имплементираат во своите институции, информира Берат Азизи од „Флуент“.
Предавачите се Енвер Абдулаху, поранешен амбасадор на Македонија во Норвешка и професорот Изет Зеќири.
-Поранешниот амбасадор ќе ги опфати областите како дипломатски протокол; од теорија во пракса, историја и развој на дипломатски протокол, видови протоколи и структурни компоненти и најчести протоколарни грешки. Професорот Зеќири се осврнува на повеќе теми поврзани со политичката комуникација, истакна Берат Азизи.
Во зависност од состојбата со пандемијата освен во Тетово, дел од обуките треба да се спроведат во државните институции.
А.С