Oпштина Јегуновце изминатиов период презеде повеќе акции за расчистување на дивите депонии на територијата на општината, информираа од локалната самоуправа. Расчистување на дивите депонии е во рамките на годишниот план за чистење на диви депонии на територија на општината и уредување на јавниот простор.
-Исчистени се диви депонии и јавен простор во населените места Јегуновце, Шемшово, Вратница, патот од Јегуновце кон Подбреѓе, Прељубиште на патот кон Жилчe како и во Туденце. По дислокација на отпадот, просторот на местото на депониите се уредува, урбанизира и заштитува повеќе да не се загадува. Како градоначалник на општина Јегуновце во мојата агенда на високо ниво е заштитата на животната средина и расчистување на дивите депонии. Особено ме радува фактот што жителите на населените места самоиницијативно упативаат барања до мене како градоначалник на општината за расчистување на дивите депонии во нивните населени места. Секогаш излегувам во пресрет на нивните барања и за кратко време во координација со службите превземаме акции за чистење на дивите депонии. Граѓаните и бизнис секторот се вклучуваат во акциите и потпомагаат со свои ресурси и капацитети, изјави Дарко Блажески, градоначалник на општина Јегуновце.
Од општина Јегуновце упатуваат апел до жителите за подигнувње на јавната свест, да не се уништува и загадува животната средина и природата, а отпадот да се депонира на соодветна и безбедна локација. Од таму велат дека и во наредниот период ќе се продолжи со расчистување на дивите депонии во сите населени места.
ас